Приватната луксузна населба „Радика вилиџ“ навидум се градеше согласно законите. Дозволата за реализација ја одобри локалната власт од Маврово и Ростуше. Четири години подоцна, Општината по налог на Државниот инспекторат за урбанизам го укина Архитектонско-урбанистичкиот проект (АУП) со кој се предвидува изградба на 87 луксузни вили. Се бара и одземање на лиценците за работа на планерската фирма која го изработи овој документ и на фирмата која била ангажирана за надзор.…
По цели пет години на 08 април (петок) конечно започна судската расправа која треба да даде одговор кои се причините за смртта на работникот Мијалчо Тодоровски кој животот го загуби поради пад на потпорен ѕид при изградба на станбена зграда во Дебар Маало. Управителот и сопственичката на компанијата „Колбико Инженеринг“ се оградуваат од работникот кој во билтенот на МВР е заведен како „случаен минувач“. Судот констатираше дека адвокатот и обвинетите…
Агенцијата за храна и ветеринарство и Царината се двете институции кои треба да ги контролираат увозот и продажбата на производите што се нудат како додатоци на исхрана. Истражувањето на ИРЛ за штетните суплементи што се продаваат под брендот „Слимлајн“ покажа институционална негрижа која отвора можност за злоупотреби. Фирмата „СЛЦ груп“ повеќе од една деценија увезува додатоци за исхрана, изречени се судски пресуди за нарушено здравје на повеќе граѓани, но чаевите…
Премиерот Ковачевски го презема мандатот од Заев со ветување дека во неговата власт ќе нема место за политикантство туку само за системот на вредности и заслуги. Тоа не се исполни кога се назначуваа повеќе од 40 директори и заменици во само една година. За илустрација, преведувач стана директор на Агенцијата за странски инвестиции, а донатор на ДУИ се смести во Царината како заменик – директор. Политичкиот договор за влегувањето на…

















