Министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска за стечајот на заштитената Вила Доста, дел од манифестацијата Галичка свадба, го обвини поранешниот градоначалник на Маврово и Ростуше, Мукрем Мемеди од ВМРО ДПМНЕ. На прашањето на ИРЛ зошто градоначалникот и нејзин сопартиец Медат Куртовски повеќе од три години не постапува по барањето на Државниот правобранител, таа кусо додаде дека ќе го охрабрела тоа да го направи и се надевала дека ќе постапи. …
Државната комисија за спречување на корупција смета дека владата треба да го раскине договорот за финансиска помош на Еуроникел ДООЕЛ кој е сопственик на кавадаречки Фени. Бараат и работaта на оваа компанија да почне да биде надгледувана од Управата за финансиско разузнавање поради ризик за потекло на парите. Од Антикорупциска се сомневаат дека одредени функционери ја искористиле моќта за да овозможат Еуроникел ДООЕЛ да ја добие државната помош, иако првично…
Дозволата за градба на објект во парк – шумата Водно којашто во реалноста нема пристапен пат ја издаде градоначалникот Саша Богдановиќ непосредно пред неговото заминување. Богдановиќ ги игнорирал извештаите на Инстутутот за сеизмологија кои покажувале дека доколку се изгради пристапната улица, шумата на Водно ќе претрпи сериозни последици. Со 13 гласови ЗА, советниците на Општина Центар ја стопираа изградбата на пристапната улица 5 предвидена со ДУП от за Градска Четврт…
Новинарот и истражувачки уредник во ИРЛ Маја Јовановска доби директни закани по личната безбедност и животот од страна на раководителот на одделението за урбанизам при општината Маврово и Ростуше Садредин Елезоски поради работа на истражување за уништувањето на Националниот парк Маврово. Насловна фотографија: Садредин Елезоски во една од ретките негови фотографии достапни онлајн. За раководител на урбанизам е поставен во 2017 година, по смената на локалната власт. Претходно работел како…

















