Бурни реакции и обвинувања за селективност и отсуство на разбирање за потребите во културата откако Министерството за култура денеска на својата веб-страницата ги објави резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година. Актерот Оливер Митковски, кој е еден од четирите члена на Комисијата која што даваше препораки и мислења за распределбаа на буџетот во Министерството за култура, доставил издвоено мислење до Министерството поради несогласувања со изборот. ИРЛ Македонија дојде…
Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, денеска ги потсети сите политички актери во Македонија дека слободата на медиумите и новинарите е од посебна важност за ЕУ.. Европската Комисија, преку портпаролката реагираше на изјавите на вицепремиерот Бујар Османи и на соопштение на Министерството за здравство. Во двата случаи се формулирани закани за „правни последици“ кон медиуми за начинот на известување. Е „Нашиот извештај во 2018 истакна дека иако постои подобрување на…
Дваја вработени во секратеријатот на Антикорупциската комисија, двајца ревизори, двајца од локалната самоуправа и еден новинар се првите рангирани седум кандадити од страна на парламентарната комисија за селекција на кандидати за членови на новиот состав на Државната комисија за спречување на корупција. Прворангиран со сто бодови е Владимир Георгиев, вработен во Комисијата кој е единствен со 100 бодови. Второрангиара е неговата колешка Софка Пејовска – Дојчиновска. И двајцата работат во…
Македонија е мала држава и луѓето имаат многу роднини и пријатели, вака сумирано звучеше „одбраната“ на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска за се погласните обвинувања во јавноста дека владејачката СДСМ и нејзините партнери ги злоупотребуваат својата моќ и влијание за да ги вработуваат своите блиски во атрактивни државни институции. Во интервју со новинарот Боби Христов кое беше посветено на евроатланските интеграции, Шеќеринска кусо одговораше и за актуелните скандали со индиции…

















