Новинарката Менче Точи од порталот Нова тв, денеска од Здружението на новинари на Македонија доби награда за животно дело „Крсте Петков Мисирков“. На денешното одбележување на 73 годишнината од работењето на здружението беа доделени и наградата за истражувачко новинарство Јашар Еребара. Слобданка Јовановска од Управниот одбор на ЗНМ рече дека Точи секогаш во своите стории на прво место се пациентите и граѓанскиот интерес. „Таа веќе со години ги разобличува состојбите…
По седум години италијанската компанија ФЦЛ Амбиенте заминува од Дрисла без денар инвестиција, а нејзината работа ќе треба да ја продолжи германско-хрватско- македонски конзорциум. Според информациите од Град Скопје, најдоцна до септември, со работа на депонијата треба да започне конзорциумот составен од германската „Шолц“, хрватската „Ц.И.О.С. доо“ и македонската „Сплендор мак“. Концесијата ќе биде на 35 години, а новите партнери на Градот ќе ги имаат истите обврски што ги имаше…
Катица Јанева и останатите обвинители, и тоа под услов да бидат избрани, ќе добијат и шеф и лимитирани ингеренции. Со закон на владата СЈО повеќе нема да е независна институција, туку обвинителство кое ќе биде под управата на Државното јавно обвинителство водено од Љубомир Јовевски. Во сите случаи за кои СЈО поднесе обвинение до 30 јуни 2017 година како докази можат да се користат прислушуваните разговори. За истрагите и предметите…
Лица без искуство од областа во која биле назначени и лица со завршено основно или средно образование ги управуваат и го надледуваат работењето на јавните претпријатија. Ова го покажува најновата анализа на Социетас Цивилис, „Кој таму управува“. Според анализата во управните и надзорните одбори во мали градови или пак рурални општитини се назначуваат лица со завршено основно или средно образование кое е несоодветно за областа во која се назначени, како…

















