Во текот на 12 години колку што дискотеката Пулс од Кочани работела, се смениле три градоначалници – двајца од ВМРО-ДПМНЕ и еден од СДСМ. Еден од нив бизнисменот и поранешен градоначалник Ратко Димитровски дури и живее на 100 метри од објектот. Сите тројца, заедно со полициски началници, претседатели на локални судови, пратеници од власта и опозицијата, обвинители и инспектори членувале во локален совет за превенција кои требало да ја кренат…
Серијата статуси посветени на новинарките на ИРЛ, Сашка Цветковска и Деница Чадиковска, а надополнети со фотографии за полесно да нѐ препознаат оние кои сакаат да нѐ направат сапун и да нѐ силуваат, тој ја оправдува со наводите дека ние сме корисници на „криминални средства“ од УСАИД. Но, вистинските причини се поинакви и оваа кампања има за цел да нѐ заплаши и да ја спречи работата на новото истражување на ИРЛ…
Тајкунот од Северен Кипар, Халил Фаљали, беше убиен во 2022 година. Осомничен е дека основал нелегална онлајн обложувачка империја. Долгогодишниот сметководител на Фаљали, Џемил Онал, за глобалната новинарска организација ОЦЦРП раскажа како функционирал бизнисот. Според Онал, во целата глобална обложувачка империја имало мрежа и во Македонија каде што теренци биле и лажни турски студенти. Групата наводно имала помош во Скопје од турскиот почесен конзул Ајдован Адемоски и од синот на…

















