На плоштадот во Скопје веќе нема државна земја за продавање за џабе. Нема ни место за градење. Но, можностите не се ограничени. Во моментов се војува за парцелата со недовршениот хотел “Мериот Кортјард” и Офицерскиот дом. Кој е Миле Кратер и што сака од Сергеј Самсоненко? Автор: Maja Јовановска; Дополнително известување: Давид Илиески Уреди: Сашка Цветковска Ако сакате да градите на плоштадот во Скопје или во негова близина, земја веќе…
Професионалните медиуми се суштински за доброто на едно општество, со една главна цел, да ја информираат јавноста со сигурни и точни вести. Но, ништо не е така едноставно во ерата на таканаречените лажни вести. Тие имаат способност да ја дистрибуираат содржината брзо и лесно преку интернетот и социјалните медиуми. Од информацијата е создадено совршено оружје – систем на манипулација преку кој јавноста се преплавува со конфузни информации, лажни вести, дизајнирани…
Надворешната политика изминативе месеци го диктира темпото на активности на домашните политичари, па секојдневно граѓаните од медиумите се бомбардирани за „датумот“. Но во позадина на фамозниот датум, кој го окупира вниманието во јавниот дискурс, во моментов има неколку државни агенции или комисии кои буквално се заглавени поради неуспешниот политички пазар на власта и опозицијата. Државниот завод за ревизија нема ниту директор ниту заменик-директор, Дирекцијата за заштита на личните податоци исто…
Додека течат истрагите на УЈП и процесите на истражните органи во процесот случајот Рекет, телевизијата осамна со нов сопственик. Не доаѓа од бизнисот или од шоу бизнисот, всушност, за него не се знае речиси ништо. Богдан Дамјановски не и познат на македонската јавност. Роден е во 1942 година, или денеска има 77 години. Живее во скопската населба Кисела вода. Ова е човекот којшто во Управата за јавни приходи се легитимирал…

















