Денеска објавеното 550.печатено издание на „Независен весник“ е веројатно последниот број на дневниот весник кој започна со работа во ноември 2017 година. Последните два месеци, вработените секојдневно биле алармирани дека секој нареден број може да биде последен. Управителот Никос Фрагопулос, во краток разговор со ИРЛ, рече дека се уште со сигурност не може да ја потврди информацијата, но наведе дека иднината на дневниот весник е неизвесна и прават напори да…
Владата одлучила да го рекламира успехот за добиениот датум за преговори и за тоа да потроши 325 илјади евра, но откако датумот се загуби, кампањата се откажала. Членовите на владиниот кабинет биле оптимисти дека Европа ќе одлучи позитивно по препораката на Европскиот парламент за конечно започнување преговори за членство, па на 8 октомври годинава на 156 тата владина седница одлучиле да спроведат кампања за промоција на европските вредности вредна 20…
Мерките против аерозагадувањето кои беа ветени уште во 2017, не се исполнуваат. Активистите тропаат на портите на Град Скопје, но одговори нема. Утрово Скопје повторно се најде на топ-листата на најзагадени градови во светот и тоа на третото место, а градоначалникот Петре Шилегов не одговара на нашите повици. Според последните достапни податоци, од 39 ветени мерки, исполнета е само една. Локални избори, октомври 2017 година. Времето е студено, воздухот е…
Вкупно 39 политички партии оваа година добија пари од буџетот согласно новиот Закон за финансирање на политичките партии. Исплатени се 4.583.000 евра, а дополнително треба да се распределат уште 319.800 евра за партиско – аналитички центри. ИРЛ податоците ги доби од Министерството за правда. Најмногу пари од државната каса им се поделија на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија доби 1.180.000 евра, а најголемата опозициска партија 1.025.000 евра. На третото место…

















