Оваа сторија на ИРЛ не е анализа на транскриптите во аудио снимките, туку приказна за улогата на медиумите и јавниот интерес во една подземна политичка игра. Таргети се партиските лидери Зоран Заев и Христијан Мицкоски, а се чини дека и инспиратори се самите тие. Како партиското лидерство завршило на маса со личности како Зоран Милевски Кичеец или Александар Верушевски и како медиумите им овозможија на партиските табори валканата кампања да…
Најмалку седум јавни здравствени институции набавиле маски кои имале лажни и невалидини сертификати за квалитет и се под истрага на Европската канцеларија против измами ОЛАФ. Маските биле кинески, а институциите ги набавиле на тендер. Трите македонски компании ги увезле, купиле и продале спорните маски од типот КН95 се „Др Пановски АД“, „Систина Фармација“ и „КМ Маријан“. Агенцијата за лекови „МАЛМЕД“ не вршела проверки на квалитетот на увезената заштитна опрема затоа…
Истражувањето „Несигурни дијагнози” од репортерскиот и креативен тим на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја доби првата награда за најдобри новинарски трудови за известување поврзано со пандемијата на коронавирусот која што ја доделува Советот на етика во медиумите (СЕММ). Второнаградена е сторијата на телевизија ТВ21 од новинарот Јовица Пауновски, а третата награда ја делат Катерина Топалова од Македонската радио телевизија со сторијата „Дијабетот – втор најголем ризик за коронавирусот“ и редакцијата…
Изборната кампања започнува следната среда, но партиите почнуваат безмилосна трка. Денеска граѓаните беа бомбардирани со испитувања на јавното мислење. ИРЛ открива дека ВМРО-ДПМНЕ крие дека е нарачател на една таква анкета и не ја споделува целата. Постојат сомнежи и за веродостојноста на оваа анкета. Другата анкета, која оди во прилог на СДСМ е протечена во медиумите, иако ја правела меѓународна организација која што се уште ги нема објавено наодите. Медиумите…

















