Со растреперен глас долгогодишниот судија, Владимир Туфегџиќ, ја читаше пресудата за Сашо Мијалков во случајот „Тврдина– Таргет“. „Ми се одзема гласот. Не знам што ми се случи. Јас не сум тремаџија, меѓутоа ми се одзема гласот. Водичка добро што имаше“, и’ рече судијата Туфегџиќ на неговата колешка Џанета Бегтовиќ кога мислеше дека микрофоните се исклучија. Судиите Џанета Бегтовиќ и Владимир Туфегџиќ ја донесоа пресудата за најголемиот судски случај од независноста…
На анкетата одговорија 1.019 граѓани од Скопје, што е солиден репрезентативен примерок за резултатите кои ги добивме. Дополнително, во текот на овие три недели ИРЛ доби и 600 пријави на својот емаил или преку копчето Пријави во ИРЛ. На повикот најактивни беа жителите на Аеродром, Карпош и Кисела Вода, каде урбанизацијата е и најмасовна. Но, учествуваа и граѓани од Сарај, Чаир, Бутел. Шуто Оризари, Ѓорче Петров и Центар. Најголем број…
Елена Митева до лани ја водеше утринската емисија на телевизијата Телма, за набргу да влезе во нова улога – владина водителка. Со стартот на пандемијата таа снимаше интервјуа со министрите кои се емитуваа во живо на владините социјални мрежи. Од први јануари годинава и формално е вработена како советник на премиерот. За себе вели дека е вистинскиот човек на вистинското место. Но, и покрај ваквиот ангажман кој е уреден со…
Во описот на работа на директорот на ФИТР не се предвидени надлежности кои од него бараат да креира и учествува во медиумска содржини за промотивни цели. Тој снима интервјуа во квалитетни сетови, а за маркетинг и продукциски активности Фондот потпишал договор од речиси 200,000 евра со две маркетинг агенции: Бригада Дизајн и Њу Момент. Вршителот на должност, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој и потпретседател на СДСМ, Коста…

















