Уставниот суд ќе расправа за законитоста на Деталниот урбанистички план (ДУП) со кој што се дозволи градење во зелениот појас на Водно. На седницата одржана во 16ти ноември уставните судии од овој состав проценија дека општината Центар ДУП – от го донела на сомнителен начин. Планот се донесе без мнозинство гласови, а го туркаа советниците на ВМРО – ДПМНЕ. И покрај мнозинскиот јавен револт на скопјани во атмосфера на насилство…
„Кажете ми, ве молам, како може обвинителите од апелациското подрачје Штип да гласаат за обвинител за чија работа не знаат ништо?“ „Дали победи најдобриот обвинител или најуспешното политичко лобирање?“ Ислам Абази треба да гони организиран криминал, но самиот е прогонуван од минатото со Али Ахмети и видни припадници на таканаречената „огнена група“ на ДУИ. ИРЛ на социјалните мрежи најде стара фотографија на обвинителот Абази и лидерот Ахмети која сугерира дека…
Реформите во образованието актуелната влада ги почна пред пет години со кадар на СДСМ, ги продолжи министер од ДУИ, а од нив годинава профитира бизнисмен од ВМРО-ДПМНЕ. Жртви се учениците кои оваа учебна година се уште немаaт учебници. Во земја кандидат за Европската Унија, 100.000 ученици од прво до петто одделение лекциите ги учат од брошури. Учебниците ќе им бидат поделени дури во второто тромесечие. Тендерот за печатење и на…
Истражувањето на ИРЛ за начинот на лекување на ковид пациентите е тема од јавен интерес и новинарите не смеат да бидат замолчени да известуваат. Ова е одлуката на Граѓанскиот суд Скопје кој го одби барањето на доктор Жан Митрев за остранување на документарниот филм „Нечиста крв“ и забрана за натамошно известување на новинарите на ИРЛ се додека неговата тужба за клевета и навреда не добие судска разрешница. Барањето е одбиено…

















