За изборите и за опциите кои се пред македонските граѓани се разговара многу. Но, и на два дена пред изборниот ден ниедна партија не разговара со својот електорат за потребите и аспирациите на сите граѓани. Кампањите на оние кои се натпреваруваат воопшто не се грижат да ја образложат или дебатираат својата понуда. Овие избори ја прикажаа длабоката криза на вредности во македонската политика, најпосле во македонското општество.
Во извештајот на Фридом Хаус како проблем препознаен е притисокот врз новинарите кои што известуваат за висока корупција. Фридом Хаус го нотира случајот на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) со тужбата за клевета од страна на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев. Забележани во контекст на падот на оценката за борба со корупција се и новинарските истражувања како она на ИРЛ за пожарот на модуларната болница во Тетово, истражувањата поврзани…
Двајцата поранешни директори, осудени за пожарот во модуларната болница во Тетово побараа да бидат ослободени од вина. Причината за смртта на 14 ковид пациенти според нив треба да ја открие вештачењето на германските експерти кои утврдија дека пожарот избувнал и брзо се проширил поради лошата изведба на модуларните контејнери – доказ кој никогаш не се изведе додека им се судеше. Пред Апелациониот суд во Гостивар обвинетите порачаа: „Почитуван судија, пред…
Јавното обвинителство денеска лиферуваше невообичаено соопштение. Реагира за начинот на известување на медиумите за текот на судењето за случајот Жан Митрев. Обвинителството во процесот препознало дека преку платена пропаганда се шират лажни вести и се заплашуваат сведоци. За докторот, според обвинителството, навиваат и истакнати правници кои го аналазираат обвинителството, а не биле ниту на едно судско рочиште. Известува: Маја Јовановска; Илустрација: Лука Блажев Основното јавно обвинителство Скопје денеска реагираше за…

















