ИРЛ открива како цели фамилии на членови на ВМРО ДПМНЕ создаваат лажни рејтинзи во лажни институти. Американските пријатели на Виктор Орбан мерат изборен рејтинг во корист на Мицковски. Брима Галуп не е Галуп, а познати агенции играат за партиите наместо за довербата на граѓаните. Медиумите ги кршат законите за објавување на рејтинзи, но поради пропуст во Изборниот законик, ДИК нема механизам да казнува. Пишуваат:Маја Јовановска и Сашка Цветковска Дополнително известување:…
Децата во Североиостокот се најсиромашните во земјава или секојдневно секое второ од нив во училиште доаѓа гладно. Меѓународните детски организации за заштита на правата на децата порачуваат инвестиции во образование за излез од маѓепсаниот круг на детската сиромаштија. Во Крива Паланка инвестиции има. ИРЛ истражуваше какви. Откриваме дека тие не се правени за потребите на многумина, туку за потребите на малкумина. Во Крива Паланка се се врти околу економијата. Или,…
Важи за домашен олигарх. Има репутација на безмилосен и одмаздољубив човек којшто не трпи критика и спротиствавувања. Има бизниси кои му носат стотици милиони веќе три децении – најповеќе во државно спонзорирани зделки. Ако тргнете да ја истражувате империјата која што ја создаде Љубисав Иванов Sинго, тогаш почнете од Сител телевизија. Ова е неговиот најважен ресурс и секое делче од империјата гравитира околу телевизијата. Телевизијата е и причината поради која…
Милован Бојиќ, директорот на Институтот за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“, ги набави брзите коронавирус тестови на „Биозек“ кои не се сигурни и кои се лажно претставени како произведени во Холандија – додека всушност се направени во Кина, открива КРИК / ОЦЦРП. Бојиќ ги увезе тестовите од Северна Македонија од компанија „Систина фармација“ која е на човек кој е под истрага за перење пари, изнуда и злосторничко здружување. Пред пристигнувањето на овие…

















