Предвремените парламентарни избори закажани за 12ти април наредната година ќе чинат некаде над 8 милиони евра. Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа истакна дека се предвидени нешто над 6,7 милиони евра за претстојните избори, но дека со амандманска интервенција ќе се надополнат уште милион и пол евра. Најголем дел од овие пари ќе одат на медиумско рекламирање. Организацискиот дел или спроведувањето…
Новите аудио разговори кои денеска беа објавени на „Јутуб“ на кои се слуша како глас кој наликува на бизнисменот Орце Камчев не се во доказите за таканаречениот случајот „Рекет“ кои биле доставени до обвинителството. Ова денеска го потврди шефицата на Обвителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска. „Првпат ги слушам овие снимки. Не беа на хард дисковите што ни беа доставени“, вели Русковска и додава дека обвинителството…
Бизнисменот Јордан Камчев денеска сведочеше во случајот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски и Катица Јанева, а третиот обвинет Зоран Милески – Кичеец доби казна затвор од три години. Камчев рече дека Јовановски и Јанева се режисерите кои го конструирале случајот „Империја“ во кој тој е осомничен, со цел да му изнудат милиони евра. Освен нив двајца тој додаде дека на обвинителната клупа треба да седне и обвинителката Лиле…
„Во Горно маало немаме ништо. Сите само кажувате, а немате ништо исполнето. Од сред село накај Кучково, поминете господине градоначалниче и премиере, да видиме по каква улица одиме ние. Каде ни учат децата, по какви калови одиме“ Вака една жителка од Волково го пречека градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Наумовски кој кај Волковчани дојде со висок гостин – премиерот и неговиот партиски шеф, Зоран Заев. Тие двајцата, како што…

















