Press "Enter" to skip to content

Злосторство без казна: Убиството на Оливер Ивановиќ

Ја најави лично Вучиќ, но и по една година од убиството на Оливер Ивановиќ, српското обвинителство не отворило истрага. Исчекор единствено направија  косовските истражни органи кои во ноември ги приведоа првите осомничени. Меѓутоа, ниту нивната истрага не доведе до имињата на извршителите и наредбодавачите. Истовремено, оние кои до скоро јавно го напаѓаа и оцрнуваа, сега сакаат да се прикажаат како најголеми „душегрижници“  за расветлување на смртта на Ивановиќ.   Пишува: Бојана…

Тајната вечера: Како МПЦ со партиска поддршка собра 2 милиона евра за црквата на улица „Македонија“

ИРЛ Македонија за прв пат ги открива сите 440 донатори, меѓу кои најголемиот е ЕВН, со 500,000 евра. Организацијата била партиска, а висината на донациите се „сугерирала“. Истражувачката репортерска лаборатија открива дека државни институции и бизнисмени чии фирми добро профитираа од државните тендери од „Скопје 2014“ се најголемите донатори за фондацијата на Македонската православна црква за да ја изгради црквата Св. Константин и Елена“ на улицата Македонија. Проектот беше онолку…

Сакате да ви тргне со државно-спонзорирани зделки? Прво донирајте во МПЦ

Сите ја знаат приказната за рускиот бизнисмен кој случајно се вљубува во Македонија и решава тука да се пресели своите бизниси и своето семејство. Годината е симболична – 2006 година, или онаа кога во Македонија почнува декадата на Никола Груевски и неговите блиски соработници и роднини. Сергеј Самсоненко станува виден скопјанец кој често се гледаше во друштво на високи функционери и бизнисмени. Колку подолго седеше, толку повеќе се зголемуваа зделките…

Талир: Под мраз имот во вредност од 17 милиони евра на ВМРО-ДПМНЕ

Талир е стара сребрена монета, а прв пат е искована во 1517 година во денешна Чешка. Во промет била до 1907 година, но името талир иако во изменет облик се задржал во називот на монети во дел од скандинавските држави и во Италија. Во Македонија талирот стаса дури во 2017 година, но не како сребрена монета. Туку како симбол за незаконско богатење и финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Талир е име на…