Ако сакате да добиете бесплатен и „ефикасен“ чај за слабеење потребно е да направите две едноставни работи: да го заследите профилот на позната инфлуенсерка на социјалната мрежа „Инстаграм“ која потоа од вас ќе побара да го заследите и профилот на брендот чаеви „Трекс“. Но, „магичните“ чаеви што топат масти тоа го прават со помош на дрога и вијагра. ИРЛ открива дека и покрај заплените на Царината, Обвинителството прави клучни и…
Пратеникот Венко Филипче во анкетниот лист доставен денеска до Антикорупциската комисија ја скрил фирмата за недвижности од Бугарија која ја пронајдоа новинарите на ИРЛ. Пребарувањето низ јавните списи во Македонија нè доведе и до нова инвестиција на семејствата на експремиерот Зоран Заев и ексминистерот Филипче. Нивните браќа Вице и Никола се на чекор до пуштање во употреба на фотоволтаична централа која им ја изградил Кочо Анѓушев. Филипче во разговор со…
Некогашниот гигант во производството на никелова руда Еуроникел (поранешно Фени) последниве седум години два пати е доведен до стечај. Заедничко за првиот стечај од 2017 година и вториот што е отворен оваа година е тоа што во двете ситуации крајни газди на фабриката биле израелски милијардер и негови пријатели. Финансиските контролни механизми на нашата држава два пати потфрлиле да спречат стечај за рударскиот гигант што учествува со 1,5% во домашната…




