Македонија е мала држава и луѓето имаат многу роднини и пријатели, вака сумирано звучеше „одбраната“ на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска за се погласните обвинувања во јавноста дека владејачката СДСМ и нејзините партнери ги злоупотребуваат својата моќ и влијание за да ги вработуваат своите блиски во атрактивни државни институции. Во интервју со новинарот Боби Христов кое беше посветено на евроатланските интеграции, Шеќеринска кусо одговораше и за актуелните скандали со индиции…
Обвинителството за организиран криминал на чие чело е Вилма Рускоска денеска излезе со детали од досегашната истрага за бегството на Никола Груевски, нагласувајќи дека нема лоцирано кривична одговорност кај службени лица, но има пропусти кај надлежните институции. „До овој момент надлежниот обвинител нема утврдено постоење на кривична одговорност на службени лица кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски. Досега прибавените докази упатуваат…
Според најновиот извештај на Фридом хаус, „Слободата во светот 2019“ Македонија и натаму се наоѓа во групата делумно слободни земји. Земјава и оваа година останува со вкупен рејтинг од 3,5, на скала каде 1 е најслободно, а 7 е најнеслободно општество. Единствено поместување има во бројот на индексни поени, каде Македонија со 59 поени од максимални 100 има подобрување од само еден поен во споредба со минатата година. Тој резултат…
Репортажа од отворањето на тендерот за вакцини – новите играчи бараат најголем залак, Македонија Лек конкурира за други вакцини, „Глаксо Клајн Смит“ обвини за фаворизирање. Се борат пет компании: Д-р Пановски, Македонија Лек, Елбијор, Алкалоид Конс и Феникс Фарма. (ФОТО ИРЛ: Претставници на компаниите присуствуваат на отворањето на понудите од тендерот за имунизација во Министерството за здравство“) Сторијата е изработена од Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ Македонија во партнерство за публикација…

















