Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) заплени вила во луксузен туристички комплекс на Јонското море која ѝ припаѓа на разрешената албанска вицепремиерка и министерка за инфраструктура Белинда Балуку. Според истрагата, таа фаворизирала фирма зад која стои почесниот конзул на Македонија во Гњилане (Косово), Валон Адеми, за изградба на обиколницата околу Тирана. За возврат фирмата ѝ изградила куќа со поглед кон морето. Во МНР во Скопје…
ИРЛ
Независноста на една држава подразбира политичка самостојност и способност институциите сами да носат одлуки, но и способност да ги обезбеди основните потреби на своите граѓани. По 35 години независност, прашањето е зошто по вложени 1,5 милијарди евра државни субвенции, реалното земјоделско производство пораснало само 4%, а Македонија не успева да обезбеди доволно храна за сопствениот народ. Апсурдот е уште поголем што дел од земјоделските производи поддржани со државни субвенции завршуваат на…
Новата предметна обвинителка Верица Бержецка Крстева не преземала ниту едно ново дејствие, не знае за постоењето на клучни документи како „Ревизија на постапката за јавна набавка за замена на времени објекти од амбулантно-поликлиничка дејност“ и се држела до старите докази од претходната обвинителка Елизабета Јосифовска којашто што во јавноста често беше прозивана дека предметот предолго го држи во предистрага. Известува: Маја Јовановска Неажурната предистрага и фокусот на обвинителските активности…
Инфлацијата забави, но цените не се вратија назад, туку останаа високи. Животот во последните четири кризни години, откако војната во Украина почна да врши глобален притисок врз цените, поскапе за повеќе од една третина, а храната за над 50%. Растеа и платите, но и понатаму дури четворица од пет граѓани заработуваат под просекот, кој покрива само околу две третини од месечните потреби на едно семејство. Поради ова, политичките изјави за…

















