Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски не чувствува никаква одговорност затоа што Антикорупциската комисија откри дека при вработување во државни институции на тројца негови блиски роднини било извршено влијание – сестрата, бабата и дедото. На прашањето дали планира да понесе одговорност, тој ги негира овие наоди и вели дека информацијата е погрешна. „Немало никакво влијание, не знам кој дал таква информација, но погрешна е“, кусо ни одговори Кирацовски преку смс…
Партиските функционери на СДСМ не чувствуваат одговорност за наодите на Антикорупциска комисија која откри дека во дел од вработувањата на блиски луѓе на функционерите на власта, било извршено влијание. ИРЛ ги праша генералниот секретар на партијата, Александар Кирацовски и портпаролот Костадин Костадинов дали чувствуваат одговорност. Двајцата велат дека не чувствуваат никаква одговорснот. Аферата „непотизам“ за партиските вработувања на роднини на пратеници и функционери на власта денеска доби разрешница на седницата…
Тендери за школските другари на Заев, сомнителни тендери во здравството и бегство од одговорност во аферите од животна средина. Колегите Владо Апостолов, Менче Атанасова – Точи и Александар Димитриевски на виделина изнесоа многу валканици за минатата власт, за многу од нивните стории денес гледаме и судски завршници и истраги. Но, за ИРЛ одбраа по една тазе афера за која тие пишувале за новата власт на СДСМ и ДУИ, а која…
Откако сите институции се прогласија ненадлежни да се справат со дивите платформи кои се поставени на Матка, Антикорупциската комисија реши да го испита случајот. Антикорупциската комисија отвора предмет за случајот со дивоградбите на Матка. Црвеното светло кај антикорипционерите се запалило откако слушнале дека институциите се прогласиле за ненадлежни. На денешната седница на Комисијата, претседателката Билјана Ивановска рече дека црвеното светло се запалило кога сите институции се прогласиле за ненадлежни. „Таму…

















