Исклучување на новинари од судница е крајно опасно и неопходно е само во законски утврдени процедури, се вели во реакцијата на ЗНМ кое поднесе претставка до Судскиот совет за утврдување одговорност на судијката Јованка Спировска Панева. Судењето помина со низа скандали, а најголем дел од исказот на новинарката Сашка Цветковска не влезе во записникот од рочиштето. Во записникот дури и пишува дека емотивниот настап на господинот Кочо Анѓушев и’ дал…
Во последните 100 дена профилот Димитар Ковачевски потрошил 26,000 евра за спонзорирани постови на социјалните мрежи. Цела продукциска машинерија и гломазен владин пиар тим предводени од неговиот секретар за комуникации и неговиот шеф на кабинет работат во две смени за да ни го продадат премиерот како успешен. Нивната вистинска работа е да обезбедат корисни и важни информации за граѓаните. Наместо тоа, на социјалните мрежи ќе ве нападнат идилични себерекламирачки спотови…
Истражувањето на ИРЛ за начинот на лекување на ковид пациентите е тема од јавен интерес и новинарите не смеат да бидат замолчени да известуваат. Ова е одлуката на Граѓанскиот суд Скопје кој го одби барањето на доктор Жан Митрев за остранување на документарниот филм „Нечиста крв“ и забрана за натамошно известување на новинарите на ИРЛ се додека неговата тужба за клевета и навреда не добие судска разрешница. Барањето е одбиено…
Во пресрет на локалните избори, Владата ја подотвора вратата повторно да дозволи државно спонзорирање во медиумите. Пред една недела Министерството за економија распиша два тендера во вредност од 220.000 евра за промоција на туризмот преку реклами во интернет портали. Еснафските новинарски здруженија стравуваат од можен поткуп и таргетирање на „свои“ медиуми каде ќе се слеваат парите. Од Владата тврдат дека кампањите биле дел од напорите да се помогне на овој…

















