Прв пат за прислушуваните разговори, актуелниот премиер Зоран Заев, слушнал во 2013 година во јуни кога станал претседател на СДСМ. Ова денеска го соопшти премиерот во својство на сведок за случајот „Таргет-Тврдина“, каде што беше повикан од обвинителите по неодамнешното сведочење на неговиот советник за безбедност, Зоран Верушевски. Верушевски, како што објаснуваше Заев, го информирал дека партијата располага со документи и материјали во пишана и во аудио форма. Дека материјалите…
Антикорупциската комисија не одзволува увид во деталите од имотните листови на премерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев. ИРЛ побара да го види договорот за подарок на стан во Струмица на сопругата на премиерот Зорица Заева, како и договорот за продажба на удел во „Феро инвест“, фирма во сопственост на Анѓушев. Одлуката на Антикорупциската комисија не е конечна, бидејќи според законот може да се жалиме во Комисијата за заштита на…
Лидерите на политичките партии кои вечерва беа на средба кај претседателот Стево Пендаровски стојат зад идејата државата што поскоро да ги почне пристапните преговори со Европската унија. Пендаровски по завршувањето на првиот дел од состанокот пред медиумите изјави дека сите присутни политички партии се согласни дека државата треба што поскоро да ги почне и да ги зварши пристапните преговори со Европската унија. „Имаме јасен државен консензус од релевантните политички лидери…
Со случајот на Фросина Ременски се покажува дека истрагите се неселективни и дека СДСМ како власт се решени да се борат со корупцијата и криминал дури и со луѓето во нивните редови, вака денеска во интервју за Радио Слободна Европа се пофали министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Некогаш беше незамисливо да се разговара за кривично правна одговорност за кој било член на владата, директор, пратеник и така натаму. Сега, полека,…

















