Премиерот Зоран Заев во денешното обраќање до граѓаните преку социјалните мрежи најави борба со „ последни упоришта на заробената правда“. Тој рече дека правосудството мора да се прочисти од нечесни судии и обвинители, за да можат чесните и професионалните, непречено да ја обезбедат правдата која ја чекаат граѓаните. ,,Изминативе две и пол години се покажа дека судството остана последната тврдина на „заробената држава“, под контрола на одреден број судии и…
Премиерот Зоран Заев на денешната трибина на СДСМ „На прав пат“ што се одржа во Велес, освен пофалби за сработеното на Владата, упати и критики до правосудсниот систем. Тој пред велешани вети дека ќе има целосен ветинг на судиите и обвинителите, со цел да се расчисти со корумпираните во нивните редови. Рече дека многу малку случаи кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство имаат судска разрешница. А, особено го нагласи предметот…
Економистите од Институтот за економски анализи „Finance think“ ја коментираат најавата на Владата за зголемување на пензиите од 700 до 900 денари. Според нив, износот што Владата ќе треба да го префрли за зголемување на пензиите е висок и е над законски утврдениот праг. Од таму предупредуваат дека се доведува во ризик доследната имплементација на пензиската реформа. Од „Finance think“ посочуваат дека „порастот на пензиите над очекуваниот максиум креира дополнителни…
Пратеничкиот мандат на актуелниот состав ќе заврши на 11.февруари, информираше денеска на брифинг со новинарите, собранискиот спикер, Талат Џафери. Со оглед на најавените избори за 12.април, претседателот на Собранието рече дека на ден по распуштањето на Собранието, ќе бидат распишани и изборите, односно како што предвидува Уставот, 60 дена до денот на одржување на истите. „До мене треба да стигне барање за распуштање на Собранието. Уставот кажува дека изборите треба…

















