Судењето за случајот „Слимлајн“ и продажбата на суплементи за слабеење со опасниот „сибутрамин“ конечно заврши. По четири години поминати по судници, десетина одложувања и променет обвинител, процесот конечно завршува. Завршните зборови на обвинителството откриваат дека компанијата продавала и суплементи со поминат рок во Косово откако биле вратени од македонските аптеки. Обвинителството ги гонеше фирмата „СЛЦ Груп“ и управителката Андријана Павловиќ за измама на потрошувачи затоа што иако знаеле дека нивни…