Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) заплени вила во луксузен туристички комплекс на Јонското море која ѝ припаѓа на разрешената албанска вицепремиерка и министерка за инфраструктура Белинда Балуку. Според истрагата, таа фаворизирала фирма зад која стои почесниот конзул на Македонија во Гњилане (Косово), Валон Адеми, за изградба на обиколницата околу Тирана. За возврат фирмата ѝ изградила куќа со поглед кон морето. Во МНР во Скопје…
Меѓународното истражување на ИРЛ и партнерите за првпат ги спојува точките во една матна балканско-американска мрежа, откривајќи како изградбата на новиот, стратешки важен аеродром во Валона се преплетува со контроверзни политички фигури и моќни светски милијарди. Додека на терен проектот го реализираат еден балкански олигарх и македонски почесен конзул со полициско досие, зад кулисите преку сложен финансиски триаголник во Малта и Луксембург, се крие кредитна линија од 100 милиони евра.…















