Што истражувавме во „Цената на правдата“ Основано во 1945 година, Вишото јавно обвинителство Скопје тивко и речиси невидливо носи една од најмоќните улоги во македонскиот правосуден систем – да одлучува за судбината на предметите кога тие стигнуваат до Апелацискиот суд, односно кога има жалба на одредена одлука на првостепените судови. Во апелациската судница, само 12 обвинители имаат моќ да ја потврдат или да ја избришат целата работа на своите колеги…
Пет службенички во Вишото јавно обвинителство Скопје, заглавени меѓу службената хиерархија и стравот. Две од нив решија да направат чекор што ретко кој го прави во ваков систем. Откриваат како се местеле предмети кај обвинител по наредба на шефот. Притисоците имале цел – контрола врз исходот на судски случаи. Известува: Маја Јовановска Не беше лесно да се убедат службеничките од Вишото обвинителство во Скопје јавно да проговорат и да му…















