Press "Enter" to skip to content

ЗНМ: ЕСМ како државна компанија прави негативен преседан со јавните напади врз ИРЛ

Здружението на новинари на Македонија испрати јавен одговор до Електрани на Република Северна Македонија (ЕСМ) откако компанијата незадоволна од сторијата на ИРЛ која опфати јавна набавка која што тие ја направиле, прати непримерен допис до медиумите и до еснафските организации. Во дописот ЕСМ делеше кфалификации, клевети и навреди за редакцијата. Како придружна документација кон нивниот допис, ЕСМ ги ипрати одговорите кои што им ги пратиле на новинарите на ИРЛ, но…

Ратко Капушевски е тајниот добавувач на мазут вреден 112 милиони евра за ТЕЦ „Неготино“

Ова е најскапата набавка на мазут во државата кога било, направена меѓу државната ЕСМ и еколошки контроверзната компанија РКМ. Никој од лиценцираните трговци со мазут не се пријавил на двата повика за набавка на вкупно 188 илјади тони мазут, но Капушевски доставил понуда со девет фирми од различни држави како негови добавувачи. ОМВ од Австрија и ИНА од Хрватска тврдат дека Капушевски ги излажал ЕСМ дека тие ќе му продаваат…