Press "Enter" to skip to content

Институционални пропусти и пиар коктел од дезинформации во одбрана на Жан Митрев

Поради адиминистративен пропуст на МАЛМЕД, Жан Митрев нема да одговара прекршочно за непријавено клиничко испитување. Во меѓувреме, кризниот пиар на клиниката води агресивна стратешка кампања да ја збуни јавноста и да лаже дека Кривичниот суд го ослободил од вина и пресудил дека работел чесно за време на пандемијата. ИРЛ открива дека ваквите тврдења се креираат во маркетинг служби и се дистрибуираат преку мрежа на медиумите каде што клиниката е клиент. …

Премиерот кој сака да биде инфлуенсер

Во последните 100 дена профилот Димитар Ковачевски потрошил 26,000 евра за спонзорирани постови на социјалните мрежи. Цела продукциска машинерија и гломазен владин пиар тим предводени од неговиот секретар за комуникации и неговиот шеф на кабинет работат во две смени за да ни го продадат премиерот како успешен. Нивната вистинска работа е да обезбедат корисни и важни информации за граѓаните.  Наместо тоа, на социјалните мрежи ќе ве нападнат идилични себерекламирачки спотови…