Централната банка на Турција ѝ ја одзеде лиценцата за работа на најпопуларната тамошна платформа за трансфер на пари „Папара“ (Papara Electronic Money Inc) поради сомневања за нелегално обложување и перење пари. Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) и нејзините партнери од глобалниот Проект за известување за организиран криминал и корупција (ОЦЦРП), на почетокот од годинава открија дека оваа турска платформа се користела за трансфер на пари од нелегално онлајн коцкање, а траги…

