Press "Enter" to skip to content

ИРЛ не се осудени за клевета, осудени се затоа што постојат

Во образложението на пресудата судијката посочува дека истражувањата на ИРЛ не смеат да се публикуваат пред граѓаните, туку треба исклучиво да се користат за внатрешна едукација на вработените. Таа го отфрли исказот на уредничката на ИРЛ Сашка Цветковска, а го прифати само оној на Анѓушев, со образложение дека Цветковска и ИРЛ не се новинари и медиум. Судијката Јованка Спировска Панева цени и дека морала да го зашити приватниот интерес, а…

ИРЛ осудени зошто судијката цени дека приватното право на Анѓушев е поважно од слободата на говор

Меѓународната федерација на новинари денеска испрати реакција и констатира дека оваа пресуда претставува неуспех на судијата да го стави јавниот интерес и интересот на граѓаните над интересот на моќните бизнисмени. Судијката Спировска Панева е позната по тоа што осуди новинари што го критикуваа поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков. Судијката пред претставниците на еснафските здруженија и новинарите рече и дека и било тешко вака да одлучи, а потоа даде скандалозна…

Демант од ИРЛ за Белешков Инжeнеринг: Клевета и лага е дека ИРЛ биле осудени за лажна и клеветничка емисија

На Предраг Велиновски судот му го одби тужбеното барање во кое што тој се жали дека ИРЛ клеветеле дека тој спроведувал спорен тендер врз грбот на децата во Крива Паланка. Судот ги прифати фактите и аргументите на ИРЛ дека тендерот бил спорен, а политичките врски на тужителот му овозможувале да се смислуваат тендери во проекти во кои што тој градел лускузни огради во училишта без тоалети. Судот одби 9 од…