Документи со класифицирана содржина создадени од грчки и македонски тајни служби, биле споделувани од кабинетот на грчкиот премиер со приватната компанија Интелекса, која е автор на шпионскиот софтер Предатор, најверојатно без знаење на македонската страна. Станува збор за драфт меморандум за соработка кој никогаш не бил потпишан, но делегации на македонската Оперативно техничка агенција (ОТА) и грчката Национална разузнавачка агенција (ЕУП) внимателно го драфтувале во Солун во 2022 година. Желбата…