Десетици пораки со поплаки за „Слимлајн“ добија репортерите на ИРЛ по објавувањето на истражувањето со кое се открива дека на интернет се продавале додатоци за исхрана со забранети состојки. Дел од нив се жалеле и во АХВ во изминатите 12 години, а директорот на Агенцијата за ИРЛ потврди дека само минатите две години добиле две други поплаки покрај оние на ракометарот Горан Кузмановски за кои што се води спор. Иако…
Суплементите на еден од најстарите и најпопуларните македонски брендови за одржување на телото „Слимлајн“ биле лажно декларирани додатоци за храна кои содржеле антидепресиви и опасни лекови за слабеење. Две години полицијата не може да постапи по барањето на АХВ за да ја блокира веб-страницата на „Слимлајн“ за продажба на нивните производи. Со помошта на познати инфлуенсери на „Инстаграм“ и „Фејсбук“, производите слободно се продаваат и се консумираат, иако е донесено…