Македонската компанија „Сајтрокс“ заедно со три други поврзани компании од Грција, Унгарија и Ирска завршија на црната листа на САД поради злоупотреба на комерцијален софтвер за шпионажа. Ова денеска го соопшти Министерството за трговија на Соединетите Американски Држави. Одлуката доаѓа по скандалите кои повеќе од една година ја брануваат Европа и светот откако се обзнани дека компаниите произведувале и дистрибуирале софтвер во земји каде што софтверот се користел за следење…