Градежното дивеење во Маврово е дело на две различни влади и две навидум сосема различни администрации. ИРЛ по првпат открива како лобирањето и трговијата со влијание за приватни интереси ќе го остават Националниот парк „Маврово“ со неизвесна судбина. Идејата да се изградат мали хидроцентрали на територијата на Националниот парк „Маврово“ ќе го блокира процесот за репрогласување на Паркот во заштитено подрачје. Во две од трите спорни мали хидроелектрани, кои сè…
Истражувањето „Зелени тајни“, преку случајот со малите хидроцентрали, по првпат документира процес на трговија со влијание и дава вистински приказ на заробената држава. Жртва биле највредните национални богатства, како Националниот парк „Маврово“. Во текот на една деценија Никола Груевски, Зоран Заев и Али Ахмети испорачале блокирање закони и студии, креирале нови и поволни регулативи за бизнис-секторот и така ја овозможиле деструкцијата на националните богатства. По првпат прикажуваме како функционирала мрежата од државни…