Министерството за здравство на Италија во петокот објави резиме на научна студија од доверлиив карактер изготвена за владата, која ги негира тврдењата дека IQOS уредите на компанијата „Филип Морис“ се побезбедни од цигарите. Студијата е направена во пресрет на документарецот на италијанските партнери RAI3 на OCCRP и ИРЛ во меѓународното истражување „Blowing unsmoke“. Истражувањето направено од група научници од Националниот здравствен институт, ја отфрла апликацијата на тутунската компанија „Филип Морис“…
Моден додаток. Медицински третман. Технолошки гаџет. Од неодамна дури и решение за досадата при карантинот кој се случи како последица на COVID-19. Станува збор за уредот „IQOS”. Се изговара Аиј-кос. Најчесто е во црна метална боја. Целта му е да загрева тутун. Не било каков, туку оној од брендот HEETS, куси бели патрони со несогорлив тутун во прачки налик цигари. Функционираат само заедно, односно без уредот за загревање, IQOS, не…