Press "Enter" to skip to content

ИЗБОРИ 2024: Ова ли е тоа?

За изборите и за опциите кои се пред македонските граѓани се разговара многу. Но, и на два дена пред изборниот ден ниедна партија не разговара со својот електорат за потребите и аспирациите на сите граѓани. Кампањите на оние кои се натпреваруваат воопшто не се грижат да ја образложат или дебатираат својата понуда. Овие избори ја прикажаа длабоката криза на вредности во македонската политика, најпосле во македонското општество.

Избори 2024: Како системот спречува фер натпревар

Во теорија повеќе партии би значеле и поголем избор, но наместо различни политички идеи, впечатокот на граѓаните за етаблираните партии е дека тие работат за да и овозможат на мала група на луѓе да се збогатат што е можно повеќе и да останат на власт што е можно подолго. Одлуките кои ги носеле политичките елити во минатите 20 години покажуваат дека тие смислено и сложно креирале закони кои ќе ја…