Доктор Жан Митрев денеска е повикан на распит во скопското Јавно обвинителство. Обвинителството го повика сопственикот на приватната клиника по добиени информации дека е можно да ја напушти државата. Затоа, како гаранција да спречи негово бегство, Обвинителството бара Кривичниот суд Скопје да му ги одземе патните исправи. Обвинителството соопшти дека отвори истражна постапка против доктор Митрев за кривично дело „Измама на пациенти“. „Осомничениот, во периодот од април 2020 година до…
Реакција на Истражувачка репортерска лабораторија, Хелсиншки комитет за човекови права и Македонско здружение на млади правници, по вчерашната прес-конференцијата на министерството за здравство за наодите од истражувањето „Нечиста крв“. Министерството за здравство и останатите државни органи кои учествуваа на вчерашната прес конференција уште еднаш демонстрираа како институциите со содржината и особено начинот на изразување сами ја зголемуваат општата недоверба на граѓаните во институциите. Ова доаѓа во моменти кога треба да…
Почитувани граѓани, ИРЛ ви се заблагодарува за интересот кој го изразивте по повод новиот истражувачки документарен филм „Нечиста крв“ кој вчеравечер се емитуваше на МРТ1 и на ЈуТјуб каналот на ИРЛ. По објавување на документарецот во нашата редакција пристигнаа стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем. ИРЛ е непрофитна организација со мал тим на новинари кој работи со скромни ресурси. Важно…




