Новинарските организации – Здружението на новинари (ЗНМ) и Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ) изразија сериозна загриженост за судскиот притисок кон независното истражувачко новинарство по денешната одлука на Апелациониот суд Скопје, кој ја потврди пресудата на Основниот граѓански суд Скопје во предметот за клевета покренат од поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев против одговорниот уредник Сашка Цветковска и Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Анѓушев ги тужеше ИРЛ и уредничката Цветковска за клевета…
Последното рочиште помеѓу Министерството за здравство и компанијата „ЕМС“ мина во тензична атмосфера. Фирмата ќерка на „Фероинвест“ бара да и’ се исплатат 1,2 милиони евра за изградени три модуларни амбуланти, додека министерството спори дека поради незаконскиот анекс со којшто сумата се зголемила за да се подобрат безбедносните стандари по пожарот во Тетово – договорот е ништовен. Адвокатот на тужителот бараше репортерот на ИРЛ да биде отстранет од судницата и да…















