Press "Enter" to skip to content

Осудените за модуларната болница во Тетово надеж гледаат во германското вештачење

Двајцата поранешни директори, осудени за пожарот во модуларната болница во Тетово побараа да бидат ослободени од вина. Причината за смртта на 14 ковид пациенти според нив треба да ја открие вештачењето на германските експерти кои утврдија дека пожарот избувнал и брзо се проширил поради лошата изведба на модуларните контејнери – доказ кој никогаш не се изведе додека им се судеше. Пред Апелациониот суд во Гостивар обвинетите порачаа: „Почитуван судија, пред…

Обвинителството се пресметува со новинарите, груби лаги и напади кон работата на ИРЛ

Републичкото јавно обвинителство испрати јавна реакција по повод одговорот на текстот на ИРЛ во којшто тие повторно тврдат дека ИРЛ лаже и дека германското вештачење било земено предвид на судењето во Тетово. Ова е втор напад кон новинарите на ИРЛ и нови лаги коишто ги дистрибуира оваа институција до медиумите. Недоличен е начинот на којшто Љубомир Јовески, шефот на оваа институција чијашто работа е и предмет на ова истражување да…

Записник од рочиште го демантира Јовески: Обвинителите го отфрлиле германското вештачење како беспредметно

Обвинителите барале тетовскиот суд да ги отфрли германските вештаци за сведоци со образложение дека германското вештачење било „беспредметно“ за овој случај. Тие самите го завеле вештачењето како доказ, без да образложат за што е доказ, а потоа бараат за истото да не се расправа. На аудио снимката од судското рочиштe обвинителите Зорица Павловиќ и Дејан Петрески од скопското обвинителство го отфрлаат барањето за расправа и сведочењето на германскиот експерт и…