Press "Enter" to skip to content

Со незаконски геодетски елаборат легализирана викендичката на Фатон Мурсели на Шапка

Викендичката на Попова Шапка на универзитетскиот професор Фатон Мурсели била легализирана со нелегален геодетски елаборат. Агенцијата за катастар утврди дека документот е незаконски со невалиден дигитален потпис, а геодети воопшто не биле на Попова Шапка за да извршат геодетско мерење. Но и покрај ваквите пропусти, легализацијата на викендичката ги поминала сите филтри во Општина Тетово и никој не увидел фалсификат. Известуваат: Пелагија Стојанчова; Иван Блажевски, Графика: Лука Блажев Од Агенцијата…

Ако инспекциите „спијат“ тогаш ОЈО ќе истражува како Фатон Мурсели градел на Шапка

Обвинителството ќе чека прво да постапат надлежните институции за легализацијата на викенд-куќата на професорот Фатон Мурсели на Попова Шапка. Доколку инспекциите не проверат, тогаш Обвинителството по „допрен глас“ ќе истражува како угледниот професор од Државниот тетовски универзитет успеал да узурпира и да добие на подарок легализирана дивоградба на плац кој не е негов преку сомнителна постапка. Известуваат: Иван Блажевски; Пелагија Стојанчова Двапати во изминативе осум години запирала постапката за легализација…