Во извештајот на Фридом Хаус како проблем препознаен е притисокот врз новинарите кои што известуваат за висока корупција. Фридом Хаус го нотира случајот на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) со тужбата за клевета од страна на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев. Забележани во контекст на падот на оценката за борба со корупција се и новинарските истражувања како она на ИРЛ за пожарот на модуларната болница во Тетово, истражувањата поврзани…