Докторот анестезиолог Ваљтон Дервиши кој незаконски снимаше и емитуваше пациенти и колеги во живо на „Тик Ток“, со нова судска пресуда и со пет пати помала казна, се враќа на работа во Клиничката тетовска болница. Лекарската комора сега нема основ да му ја одземе лиценцата на 7 години како што одлучи претходно. ИРЛ открива како преку серија процесни механизми, повторени постапки, преквалификации на делата и формални правни празнини, од пример…














