Press "Enter" to skip to content

Упад во Законот за градење за да се овозможи легализација на сите дивоградби

Легализација на дивоградби преку еколошки „зелени“ мерки. Независниот пратеник Скендер Реџепи на досетлив начин преку измени во Законот за градење, предлага сите нелегални куќи и згради кои на покривот имаат инсталирано соларни панели за производство на струја, да добијат статус на легални објекти. Документот е пред пратениците и доколку пратениците гласаат „за“ се отвора можност да се легализираат сите дивоградби низ Македонија. Известуваат: Маја Јовановска и Ивана Настеска/Илустрација: Лука Блажев…

Партиски списоци за фотељи наместо систем на заслуги по мерак на шефовите

Премиерот Ковачевски го презема мандатот од Заев со ветување дека во неговата власт ќе нема место за политикантство туку само за системот на вредности и заслуги.  Тоа не се исполни кога се назначуваа повеќе од 40 директори и заменици во само една година. За илустрација, преведувач стана директор на Агенцијата за странски инвестиции, а донатор на ДУИ се смести во Царината како заменик – директор. Политичкиот договор за влегувањето на…