Press "Enter" to skip to content

Поднесено обвинение за организаторите на 27 април, за Груевски постапката е запрена

Обвинителството за организиран криминал и корупција до Кривичниот суд поднесе обвинение против поранешниот претседател на Собранието трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и против поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски за Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста како организатори на нападот на Собранието на 27 април 2017 година. За Никола Груевски и Никола Бошковски, кои во моментов се недостапни на органите на прогонот, постапката е запрена до…

Вкупно 211 години затвор за обвинетите од 27 април, Дурловски ослободен

Судијката Добрила Казарска денеска ја соопшти пресудата за „27 април“, според која повеќето обвинети беа прогласени за виновни, и добија високи затворски казни, а само Игор Дурловски доби ослободителна пресуда. Митко Чавков доби 18 години затвор, Душко Лазаров 15 години затвор, Горан Ѓошевски-Леви 15 години, Митко Пешов 18 години затвор, Оливер Поповски 13 години, Мунир Пепиќ 15 години, Абдуљфета Алими 7 години, Оливер Радулов 10 години, Јане Ченто 15 години, Игор…

Груевски на список на обвинителството за приведување за 27 април

Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески денеска се приведени по налог на Обвинителството за организиран криминал и се изведени пред судија на претходна постапка за насилните протести на 27 април 2017 година во Собранието. Од извори од обвинителството ИРЛ дознава дека се трага по поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во егзил во Унгарија и по поранешниот разузнавач Никола Бошковски кој бара азил во Грција. Никола Груевски за време…

Сашо Дуковски – адвокат на Митко Чавков

Изјава на денот „Не постои ниту вина ниту докази дека Митко Чавков сторил кривично дело. Обвинението се темели на една нецелосна реченица дека не била издадена наредба за распоредување дополнителни полициски сили за да се спречи влегување во Собранието“, изјави денес во судот адвокатот Сашо Дуковски додека ги презентираше завршните зборови во одбрана на неговиот клиент Митко Чавков, обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок за насилните протести во Собранието…