Press "Enter" to skip to content

Премиерот кој не се откажува од улогата на инфлуенсер

Не запира скапата Фејсбук и Инстаграм промоција на премиерот Димитар Ковачевски. Само во последните три месеци СДСМ потрошила 18 илјади евра за да ги рекламира неговите активности на социјалните мрежи. Антикорупционерите не успеаја да откријат дали за објавите на личните профили на Ковачевски се трошеле државни пари оти Владата не соработувала со нив. Откако стана премиер, спонзорираните објави на Димитар Ковачевски достигнаа 82 илјади евра.  Известува: Лила Караташева/Илустрација: Лука Блажев…

Кежаровски: Денеска ме осудивте на доживотен затвор

Тоа што нема да му се суди за случајот „Ликвидација“, за новинарот Томислав Кежаровски е пораз а не триумф. Кежаровски е лут бидејќи нема да му се суди поради застарување на делото, а не затоа што е невин. „Во 2013 година ме осудија на 4,5 години затвор, во 2015 година Апелација кажа „само“ две години. А денеска обвинителството „на Русковска“ ме осуди на казна доживотен затвор“, реагираше Кежаровски на својот…