Press "Enter" to skip to content

ЕК: Корупцијата се уште е распространета и останува прашање на загриженост

Европската Комисија денеска препорача почеток на преговорите со Македонија. Во годишниот извештај на Комисијата стои дека Советот на ЕУ треба сега да отвори преговори со нашата земја за да се поддржат континуираните реформи, а Комисијата би применила засилен пристап за преговарачките поглавја за судството, правдата, слободата и безбедноста во земјата. Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, пред Европскиот парламент нагласи дека Македонија покажала значаен напредок во реформските задачи поставени минатата година…