Press "Enter" to skip to content

МПЦ влегува и во бизнисот со струја

МПЦ – ОА низ годините се најде во центарот на повеќе бизнис-политички скандали, а последниот кој беше обелоденет е за изградбата на станбено-деловниот објект кој беше планиран да се гради во центарот на Скопје спроти хотелот „Холидеј ин“ По градежниот бизнис, Македонската православна црква се вклучува и во бизнисот со струја. МПЦ заедно со уште четворица партнери на 25 ноември основале компанија за производство на електрична енергија. Освен МПЦ, основачи…

Црквата „Св. Константин и Елена“ на чекор да стане стечајна маса, Минчо Јорданов побара банкрот поради долг од 1,1 милион евра

Стотици фирми и граѓани донираа пари за изградба на црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје. Црквата се уште не е изградена, а фондацијата „Св. Цар Константин“ преку која се собираа парите е пред стечај. Постапка за стечај поднесе изведувачот, градежната фирма Бетон од Скопје на бизнисменот Минчо Јорданов, поради неисплатен долг од 1,1 милион евра. Пред точно осум години во центарот на Скопје, на улицата „Македонија“ беа…

Корона приоритети: Владата им даде 120.000 евра на факултетите на ИВЗ и МПЦ

Во време на пандемијата која кај нас досега одзеде 30 животи, а десетици се во опасност, кога стотици фирми ставија катанци на вратите, а илјадници луѓе останаа без работа, Владата во вонредните мерки „протна“ 120.000 евра за Исламската верска заедница и Македонската православна црква. Не ги наслови како помош за ИВЗ и МПЦ во справување со корона – кризата, туку пари од државниот буџет им додели на нивните факултети за…

Тајната вечера: Како МПЦ со партиска поддршка собра 2 милиона евра за црквата на улица „Македонија“

ИРЛ Македонија за прв пат ги открива сите 440 донатори, меѓу кои најголемиот е ЕВН, со 500,000 евра. Организацијата била партиска, а висината на донациите се „сугерирала“. Истражувачката репортерска лаборатија открива дека државни институции и бизнисмени чии фирми добро профитираа од државните тендери од „Скопје 2014“ се најголемите донатори за фондацијата на Македонската православна црква за да ја изгради црквата Св. Константин и Елена“ на улицата Македонија. Проектот беше онолку…