Државниот обвинител Љубомир Јовески шестгодишниот мандат успешно го менаџираше како човек кој се бори за правда. Неговиот личен интегритет никогаш не беше доведен во прашање. Месец и половина пред заминувањето на функцијата Јовески пред пратениците во Собранието ќе треба да ја брани неговата улога во една од најголемите национални трагедии. Пратениците од албанската опозиција му поднесоа интерпелација во која бараат одговорност за неговата улога во истрагата за пожарот во модуларната…
32 години држава, 32 години корупција што убива. Со овој слоган и со поставување на 14 изгорени бели маици на местото каде што некогаш се наоѓаше модуларната болница започна денешниот марш со кој се одбележа две годишнина од пожарот во болницата во кој живи изгореа 14 лица. Семејствата на жртвите кои го организираа протестот побараа да се отвори нова истрага за причините за пожарот и да се уапсат вистинските виновници…
Движењето „Подобро за Тетово“ во отворено писмо до Претседателот Стево Пендаровски изрази разочараност од неговиот молк три недели по објавувањето на истражувањето на ИРЛ за пожарот во модуларната болница во Тетово. Документарниот филм „Убиство во Тетово“ беше објавен на 13 август, а Претседателот Пендаровски досега нема ниту едно соопштение за смртта на 14 наши сограѓани. Пендаровски се нема огласено ниту за откритијата на колегите од „Слободен печат“ и „Фокус“ за…
Компанијата „БРАКО“ денеска преку медиумите дистрибуираше соопштение кое содржи напади, навреди, клевети и говор на омраза кон новинарите на ИРЛ. Новинарите на ИРЛ ги категоризира како „канцер на општеството“ коишто работат на штета на македонската економија. Соопштението е реакција на компанијата по повод документарниот филм на ИРЛ „Убиство во Тетово“. Ова е прво официјално обраќање до јавноста на компанијата „БРАКО“ по објавувањето на документарниот филм „Убиство во Тетово“, но и…

















