Press "Enter" to skip to content

Политичкиот пазар во Собрание го кочи функционирањето на неколку државни институции

Надворешната политика изминативе месеци го диктира темпото на активности на домашните политичари, па секојдневно граѓаните од медиумите се бомбардирани за „датумот“. Но во позадина на фамозниот датум, кој го окупира вниманието во јавниот дискурс, во моментов има неколку државни агенции или комисии кои буквално се заглавени поради неуспешниот политички пазар на власта и опозицијата. Државниот завод за ревизија нема ниту директор ниту заменик-директор, Дирекцијата за заштита на личните податоци исто…

Тесна трка со времето за избор на Државен ревизор

Ако за две недели Собранието не избере кандидат за Државен ревизор, инстуцијата која треба да е чувар на јавните пари ќе биде целосно закочена. Откако пред две години му истече мандатот на Државниот ревизор, за две недели му истекува мандатот и на заменикот Насер Адеми кој досега беше потписник и ја вршеше работата на главниот ревизор, а чија функција завршува на четврти октомври. Се додека не се избере нов ревизор,…