Пописот на население е исклучително важна статистичка операција, без која не може да се кројат успешни политики во областа на економијата, здравството, образованието, инфраструктурата, енергетиката, социјалата, руралниот и регионалниот развој, земјоделството и останати области. По речиси две децении, Македонија ќе спроведе попис. Пописот во земјава повеќе се доживува како политичка отколку како статистичка операција. Последниот обид да се направи попис во време кога на власт е коалцијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
Промени три политички партии. Истите му донеса три градоначалнички мандати и две министерски позиции. Вака се развиваше политичката кариера на претседателот на ГРОМ – Стевчо Јакимовски, кој избегна притвор во истражниот затвор во Шутка и помина со куќен притвор поради истраги врзани со приватизација и продажба на градежно земјиште. Како член на ЛДП и на СДСМ ја критикуваше ВМРО-ДПМНЕ, кога ја формираше ГРОМ во 2014 година почна војна со неговите…
Талир е стара сребрена монета, а прв пат е искована во 1517 година во денешна Чешка. Во промет била до 1907 година, но името талир иако во изменет облик се задржал во називот на монети во дел од скандинавските држави и во Италија. Во Македонија талирот стаса дури во 2017 година, но не како сребрена монета. Туку како симбол за незаконско богатење и финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Талир е име на…
















