Press "Enter" to skip to content

Три години затвор за возачот кој усмрти 13 годишно дете на „Илинденска“ во 2015 година

По речиси четири години од сообраќајната несреќа, денеска во Кривичниот суд во Скопје е изречена пресуда за возачот кој го усмрти 13 годишниот Давид Анѓеловски. Судијката Софија Лаличиќ ја прогласи за виновна Маја Лукаревска и ја осуди на затворска казна од 3 години затвор. Сообраќајната несреќа се случи на булеварот „Илинденска“ кај фонтата во Градскиот парк на 18 септември 2015 година. Тоа попладне семафорите на булеварот не работеле, а Давид…