ИРЛ ги анализира старо-новите предизвици во борбата со корупцијата и организираниот криминал коишто се дел од клучните стратешки приоритети за земјите на Западен Балкан одредени во документите на домашните и европските институции. Борбата против корупцијата ја донесе владата на СДСМ на власт во 2016 година. Крајот на нивниот мандат заврши речиси трагично и доведе до затворање на СЈО. Предизвикот останува, а дополнително Македонија ќе ги отвара и поглавјата 23 и…
Ова се вторите по ред избори кои се одржуваат согласно променетите правила: Кампањите на партиите ги плаќаат граѓаните од буџетот. Телевизиите Сител и Канал 5 ќе земат најголем дел од парите. Но, вистинскиот хаос е во сферата на онлајн медиумите. ИРЛ открива дека партиите бираат да трошат во своите табори, се даваат пари на портали блиски до партиските раководства и нивните европски сојузници, се финансираат клик баит медиуми, а некогашните…
Првите партиски пресови по завршувањето на изборниот молк покажуваат дозиран оптимизам, но атмосферата во штабовите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ покажува и несигурност во однос на изборните резултати. Првите партиски пресови се одржаа речиси истовремено, по половина час по завршување на молкот. Игор Јанушев од ВМРО ДПМНЕ пресот го одржа на плоштадот пред партиското седиште. Пред белата палата, како што популарно се нарекува седиштето на десничарите околу девет часот почнаа…
„Секој е невин додека не се докаже вината. За господинот Орце Камчев како еден од бизнисмените кои се посилни во државата можам да зборувам од она што го имам прочитано во медиумите“, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција, одговарајќи на прашање за бизнисменот Јордан Камчев. Според него секој бизнисмен и политичар кој се огрешил пред законот мора да одговара. „Презумцијата на невиност треба да ја почитуваме…

















